Ароматични пилешки ражничи

Брзо, лесно, вкусно…

 
  • 500 грама пилешки стек
  • 2 кромиди
  • стапчиња за ражничи
  • за маринада:
  • 100 мл маслиново
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица мед
  • сол и бибер
 

1. Сите состојки за маринадата се мешаат во подлабок сад.

2. Месото се сече на коцки и се наложува во маринадата. Се остава да преноќи или минимум 6 часа.

3. Месото и кромидот на месечинки наизменично се боцкаат на дрвени стапчиња.

4. Се пржи на добро загреано масло додека да зарумени од двете стани.