Brain Gym

Eдноставни вежби за подобра функција на умот и телото

Brain Gym е брза, едоставна и забавна програма која вклучува низа на активности чии движења се толку едноставни што дури и деца од предшколска возраст може да ги употребуваат со цел да се зголеми мозочната функција. 

 

Овие вежби го интегрираат телото и мозокот, со развивање на нервните патишта преку движење, со што ги подобрува вештините за слушање, пишување, концентрацијата и фокус, организација и меморија, што резултира во повисоко ниво на академско достигнување, како и физичка координација и подобрување на спортските перформанси.

Brain Gym исто така придонесува за подобра самоконтрола кај малите деца и им помага на тинејџерите да развијат самодоверба и социјални вештини. Подобрувањата во комуникацијата доведува до подобрување на семејните врски, со спуштено ниво на стрес. Кога мозокот ќе стане избалансиран нашето тело реагира вклучувајки ги нашите природни механизми за исцелување, враќајги го здравјето и хармонијата.

Основачот Пол Денисон (Paul E.Dannison), филозофијата на оваа програма ја базира на сознанието дека “Движењето е вратата кон учењето”. Лугето учат преку движење, а во текот на животот, стресот може да влијае на капацитет за движење, сфаќање, организирање и комуницирање. Во одредени периоди, луѓето може да забележат дека размислувањето, чувствата и сетилните информации може да влијаат на перформансите. Со оваа програма движењата се насочуваат со намера за враќање на вештините поврзани со успешни достигнувања. Brain Gym ги поддржува луѓето во правење големи промени во своите животи, во повеќе од 90 земји. Brain Gym се учи во илјадници јавни и приватни училишта во светот, во корпорации, програми за едукација и спорт.

Еден цитат од “Brain Gym – Teacher’s Edition Revised”, книгата на Пол и Гејл Денисон (Paul and Gail Dennison) објаснува: “Нема мрзливи, повлечени, агресивни или лути деца има само деца кои одбиваат учење на начин кој не е природен за нив. Кога ќе им се даде можноста да се движат на свој начин, детето е способно за завршување на циклусот на учење. Со поддршка и со дозвола да се движат во училницата на позитивен начин, децата ќе ја расплетат својата уникатна способност на начин кој е природен и лесен за нив. Тогаш детето ќе биде слободно да научи.”

Националната асоцијација за спорт и физичко образование (NASPE) препорачува дека децата треба да имаат најмалку 60 минути на ден физичка активност. Во текот на денот децата имаат училишни обврски и имаат потреба од паузи со физички активности кои ке им ја подигнат енергијата и концентравијата за дневните активности кои следат.

Brain Gym се генерално забавни движења, кои се дизајнирани да му помогнат на мозокот да функционира подобро во текот на процесот на учење, со тоа што едноставните движења помагаат двете хемисфери од мозокот да функционираат синхронизирано, крвта да има проток до мозокот и го чуваат мозокот во будна состојба. Додека голем број на активности функционираат најдобро со помладите ученици, постарите ученици и дури и возрасните може да имаат корист од нив.
Тие се кратки активности кои наставниците може да ги направат со своите ученици во текот на часовите за ослободување на стресот, ослободување на вишокот на енергија и подобрување на учење. Секоја вежба може да се направи во една мала област во училница или во просторот за седење на ученикот.

Првата и најважна вежба од Brain Gym програмата е “Пиењето вода”, водата е есенцијална за развивање на нервната мрежа во текот на учењето. Пиењето вода на учениците им помага за време на часот и е многу важна за време на стресни ситуации како тестови, бидејки имаме тенденција да се препотуваме под стрес, а дехидратацијата влијае негативно на концентрацијата.

“Cross Crawl” е вежба кој е погодна за подобрување на читањето, слушањето, пишувањето и меморијата со тоа што ги координира двете хемисфери од мозокот. Се изведува така што најизменично треба да ја допреме секоја рака со спротивното колено и тоа движење да го повториме неколку пати.

“Lazy eight” се изведува со брзо и лесно испишување на фигурата на легнат број осум, со палецот свртен кон горе, прво три пати со раката која е недоминантна, потоа со другата, пазаедно. Оваа вежба ги интегрира двете визуелни полиња, подобрувајки баланс и координација, и е погодна пред креативни активности и пишување.

“Hook up” е вежба која го смирува нервниот систем, на децата им ја спушта енергијата и ги фокусира спремајки ги за процесот на учење, одлична е и за посебни настани, како држење говор. За да се изведе децата седнуваат и ја прекрстуваат десната нога преку левата кај зглобовите, потоа десната рака преку левата кај зглобовите и ги повлекуваат накај себе така што прстите се преклопуваат, а рацете се на градната коска. Се останува во оваа положба неколку минути, дишејки полека и длабоко.

“Positive points” се вовлечените места над средината од веѓите на пола пат од линијата на косата. Откако ќе ги пронајдете лесно ставете на нив три прста од секоја рака, затворете ги очите и направете шест до десет комлетни вдишувања. Оваа вежба ослободува од емоционален стрес и овозможува рационален одговор во стресни ситуации.

Brain Gym на фантастичен начин овозможуваат да се биде во допир со умот преку телото. Тоа е прекрасен начин да се започне позитивен, здрав и силен начин на живот и да се развие успешен човек.

Зорица Николова
Детската Академија „Браинобраин Европа” – Скопје