Кој сака да оди за Милано?

Обединетите нации имаат потреба од лого за светскиот ден на животната средина па за таа цел дизајнерите од цел свет можат да испратат свој дизајн, ако е најдобар, дизајнерот добива патување за Милано на Expo Milano 2015.

Обединетите Нации секоја година го слават светскиот ден на животната средина на 5ти јуни, промовирајќи поголема свест за големите еколошки проблеми во светот. Секоја година овој ден има различна тема потенцирајќи одреден проблем на кој треба да се посвети големо внимание.

Оваа година темата за светскиот ден на животната средина ќе биде „одржлив животeн стил” за да се поттикне размислување каков животен стил живееме и како тоа влијае врз животната средина.

Во склоп на ова, се одржуваше интернет гласање за најдобриот слоган кој би ја објаснил вистинската смисла на темата „одржлив животен стил” на кој победи слоганот „Седум билиони сонови. Една планета. Kонзумирај со умереност.”

Сега за тој слоган е потребно лого, за кое Обединетите нации ги повикуваат дизајнерите низ светот да создадат соодветно лого со кое ќе се опфати смислата на слоганот и светскиот ден на животната средина.

Дизајнерот со најдоброто лого ќе добие дводневно патување за Милано, Италија, да го посети Expo Milano 2015, кој се одржува од 1 Мај до 31 Октомври, каде над 140 земји од светот ги презентираат нивните обичаи, креативности и достигнувања во светот на храната, со фокус кон гарантирање здрава, безбедна и доволна храна за сите, во лимитот на планетата.

Кликајте ТУКА за подетални информации и покажете им креативност.

Како пример можете да го размислите логово од 2012та…