Ново унапредување на велосипедизмот и мечувањето во Македонија

MOK и МФМ заедно кон унапредување на мечувањето

Македонскиот олимписки комитет и Мечувалечката федерација на Македонија со заеднички сили обезбедија двомесечен престој на еден од нашите најдобри мечувалци Војдан Чадо Тодоровски кој замина на двомесечни подготовки во Тампа, Флорида (САД). Подготвките се спроведуваат во соработка со Мечувалечката академија Тампа (САД), а со нашиот спортист ќе работи реномираниот руски тренер, Александер Бондаренко како и други експерти од Американската мечувалечка федерација и Американскиот олимписки комитет.

Во исто време, селекторот и национален тренер на Мечувалечката федерација на Македонија, Томи Александровски се наоѓа на три месечна обука, на Универзитетот за спорт Семелвајз (Будимпешта (Унгарија) каде по завршување на три месечните предавања ќе полага завршен испит и веруваме ќе се стекне со највисока лиценца на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната мечувалечка федерација.

Со оваа акција, МОК и МФМ уште еднаш ги докажуват своите цврсти заложби преку конкретни проекти и програми, долгорочно и квалитетно да го унапредат мечувањето во Република Македонија.


MOK и ВФМ заедно кон унапредување на велосипедизмот

 

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), со заеднички сили и во целост продолжија финансиски да ја поддржуват Олимписката програма за еден од најдобрите македонски велосипедисти Јован Јованоски, кој е олимписки степендист на МОК.

На меѓународната велосипедска трка “Копа Каталониа”, Барселона, Шпанија, Јован Јованоски, во конкуренција “Елит”, од 133 велосипедисти се пласира на 77 место, а во конкуренција на У-23 се пласираше на 30-тото место. Јован на оваа трка беше придружуван од својот тренер Љубиша Кондев. На следната трка во Измир, Турција одржана на 22.03.2015 година, Јован се пласираше на 31-ва позиција во конкуренција на 58 натпреварувачи. стартната позиција на Јован беше лоша стартуваше како 46 пред него беа велосипедисти кои имаат веќе освоено бодови. На овој натпревар тој беше придружуван од Александар Јованоски.

Следен “UCI” натпревар за Јован Јованоски е трката на Фрушка Гора, натпревар од “S2” категорија, на кој се возат три различни трки, во “HC”, “HCP” и “HCO”.