Мини шума во маало

Торино, Италија е еден од најзагадените градови во Европа па на неколку локалци им дошло преку глава и ја изградиле нетипичната зграда прочистувач обрасната со вистинска мала шума која им го прочистува нивниот воздух. Вистински еко дизајн помеѓу бетонот и загадувањето. 

Зградата претставува решение за луѓето од населбата, кои со својата мини шума од 150 дрвја околу сите апартмани на зградата го филтрираат загадениот воздух од околината.

Како што се менуваат сезоните, листовите помагаат и во создавањето сенка на апартманите за свежина во летните денови или при одржувањето на топлината во зимските денови, создавајќи микро клима за зградата.

Но и самиот изглед е тоа што ја менува сликата за бетонската населба и го прави маалото многу по природно и релаксирачко за живеење.