Екологика

Би си го изнајмил ли својот велосипед?

Во урбаните места каде велосипедската култура веќе има своја историја се појавуваат одлични бизнис идеи со велосипедите, меѓу кои според нас и една од најдобрите, рентањето на сопствениот велосипед со што може да се заработува…

Водени од идејата дека се потребни многу унапредувања и иновативност за развој на велосипедската култура низ градовите, компаниите Спинлистер и ВанМоф се здружуваат за создавање на децентрализирано рентање велосипеди со кое градот станува многу поактивен и лесен за користење на велосипед од сите граѓани.

Купуваш велосипед кој можеш да го поставиш во мобилна апликација за рентање од каде понатаму секој може да види каде е достапен и за мала цена да го изнајми. По користењето го оставаш на било кое место каде може да се паркира и заклучи, со што велосипедот повторно станува спремен за изнајмување. И кругот на користење продолжува низ целиот град.

Во понатамошниот развој на идејата, тие создаваат и специјализирани велосипеди направени од Данците ВанМоф, кои имаат bluetooth брава и безбедносен систем за следење како превенција од кражби, вграден систем за конекција со мобилната апликација како и останати користни работи кои велосипедот го прават урбано возило кое секој би сакал да го користи.

  • „Овој нов децентрализиран модел на изнајмување велосипеди значи своевидно рушење на традиционалниот систем за изнајмување, со што од сопственичка перспектива, сопственикот лесно заработува, помага на своите сограѓани и е вклучен во новиот бран на чист транспорт со велосипеди низ градот. Од перспектива на изнајмувач, многу лесно ќе може да се најде, изнајми и вози велосипед без потреба од барање станици за враќање по користењето.” – компанијата Спинлистер.

Многу едноставна и логична идеа што ветува многу повеќе возење велосипед низ градовите и заработка за обичниот граѓанин.