Ослободување на снегулката

Сосема малку од она што го доживуваме на планина кога скијаме, без разлика дали е близу ски центарот или некаде далеку, турно, или фрирајд. Со огромна почит во пристапот кон планината, со девизата дека “Треба да се заслужат вртењата надолу” со по некој искачен врв, се трудиме да отидеме на нови места, се трудиме да скијаме безбедно, најмногу се забавуваме.

Snowflake Guerrilla е неформална група која промовира турно скијање, ски алпинизам, free ride и силен етички исправен пристап кон Планината и природата.

Снимките се направени на Шар Планина, и се спуштања од Син врв, Казани, Кобилица, Бакардан, Љуботен, Пирибег и на скијање на горна Лешница, како и близу стазите на Церипашина и ски центарот Попова Шапка.

Актерите кои воедно и снимаат и се дел од членовите на оваа група се:

  • Маја Мухич
  • Мартин Пановски
  • Гоце Таневски
  • Хекуран Зекири
  • Александар Зарапчиев
  • Методи Чилиманов

Користени се GoPro 2, GoPro 3+ silver, GoPro 4 black.

Музиката: неповторливиот The John (Д Џон) – S.D.R. Da Roka

Автор

Aleksandar Zarapchiev

Скопје

Македонија