Екологика

Денот на дрвото во секоја чашка кафе

Замислете колку многу дрва би се посадиле доколку акцијата се спроведува на секојдневно ниво, преку најголема човечка зависност, кафето?

 

Во светот на кафе чашите за носење со огромното користење на хартиени чаши се јавува се поголемата потреба од хартија за да се снабдат локалите кои нудат кафе. Тоа значи огромен број на дрвја кои треба да бидат исечени за добивање пулпа од која понатаму се произведува хартијата.

Огромен број на дрвја за сечење во ваква состојба во која се наоѓа планетата значи голем минус за чашките.

За да се реши тој минус настапува екологичното бизнис размислување во облик на компанијата Reduce Reuse Grow, калифорниска компанија со тотално екологичен производ кој ни на крај памет не би му текнал на обичниот љубител на кафе.

Компанијата создава биоразградливи чаши за кафе во кои има вградено семиња, кои по користењето на чашата можат да се посадат и од нив да порасне ново дрво.

Семињата се различни според тоа за каде се наменети со цел во тој регион да можат да израснат дрвја кои природно успеваат на тие места. Доколку чашите не се посадат, сепак тие се биоразградливи претворајќи се во хранливи состојки за веќе постоечкото зеленило во околината.

Со една чаша ќе израсне барем едно дрво а тоа значи доста голем број на нови дрвја од на пример само еден локал за кафе. Тоа не замисли, кога во Македонија би се садиле толку дрвја како што се пие кафе…

Автор

Ekologika

Берово

Македонија