Екологика

Направи сам – возило

Уметноста на Open Source културата која ги разбранува најголемите индустрии  сега тропа на вратата на автомобилската индустрија, овозможувајќи му на обичниот човек слобода за создавање сопствен автомобил.

Од создавањето на тркалото па до денес, човекот ја сфаќа потребата за транспорт и придобивките кои ги добива од неговото користење, како рапидното намалување на времето за пристигнување од точка А до точка Б, леснотијата на пренесување на материјали, готови производи и што уште не, со што неговиот живот се олеснува и подобрува.

Но денеска се соочуваме со еден друг проблем од кој се јавуваат многу повеќе социолошки, еколошки и финансиски компликации. Целата индустрија за производство на комплексни и тешки за создавање хардвери т.е. машини е екипирана во големи компании кои се силни но и многу бавни во иновативноста и создавањето на специјализирани решенија за различните индивидуи и потреби.

Всушност од самиот почеток на индустријализацијата во автомобилското производство не се промениле многу работи во поглед на слободата за дизајнирање и создавање вистинска разновидност во изборот од страна на малите компании и индивидуи.

Како одговор на овој проблем, се јавува Open Source (отворена платформа) културата, со разработување на решенија кои ќе бидат достапни до обичниот човек и ќе му ги овозможат потребните делови за искажување на својата креативност и иновативност.

Замислете да имате електричен автомобил кој можете да го склопите сами за помалку од 1 час.

Со таа замисла започнала приказната за OSVehicle, Италијанска компанија со  отворена платформа за создавање возила кои можат да се склопат било каде во светот и кои понатаму можат да се адаптираат во зависност од потребите за градско или теренско возило.

Основната платформа им е наречена Tabby, целосниот технички дел со кој еден автомобил функционира и на кој понатаму се дизајнираат посакуваните форми за изглед и намена на автомобилот.

Може да се избере со 2 или 4 седишта, погон на електричен мотор, хибриден или мотор со внатрешно согорување, а во согласност со намената и легалните потреби Tabby платформата понатаму се надоградува за добивање на финалното возило.

Со оглед на тоа што повеќето не се експерти во создавање возило според легалните потреби, на основната Tabby платформа се надоврзува Urban Tabby, комплетно специфицирана платформа според основните легални потреби за градско возило, која понатаму може да се модифицира според индивидуалниот дизајн.

Tabby + Мотор + Urban Tabby + Твој дизајн

Равенка која веќе над 100 стартап компании низ светот ја сконтале и се вклучени во создавање нови возила. Над 100 нови брендови на возила. Open Sourse и индустријата се менува од корен.

Иднина која може да звучи нешто како, брат ајде на кафе, у гаража, да склопиме едно возило па после идеме накај центар…

Нивната презентација :

За повеќе, посетете ги на www.osvehicle.com