Тркачко колено

Задолжително за сите мераклии на трчањето

Тркачкото колено е болна состојба, типична за тркачките, скокачките и сите други спортови што го оптеретуваат предниот сегмент на коленото што ја опфаќа тетивата на квадрицепсот, пателата или чашката и пателарниот лигамент.

Иритацијата и преоптеретувањето ‘рскавичните и под’рскавичните слоеви на чашката поради некоја причина е основа за болниот синдром. Во нормални услови пателата се движи горе-долу без да го допира одредениот канал на долниот дел на надколеницата.

За централната положба и стабилизација на чашката одговорен е уреден мускулен баланс и симетричен развој на внатрешната и надворешната глава на квадрицепсот (musculus vastus medialis, musulus vastus lateralis). Секоја причина која доведува до дисбaланс на патот на движењето на пателата води до болна состојба на предниот колена сегмент.

Освен асиметријата на мускулите како причина за појава на тркачкото колено, други предиспонирачки фактори се: траумa на колениот зглоб, сублуксации и луксации на коленото, прекумерна активност и трчање по надолница, широки колкови кои водат до валгус положба на колената (X нозе), рамни стопала, слаби квадрицепси, висока положба на чашката и други…

Болката се јавува во тек на активноста, но се назначува во одмор, а најмногу во свиткана позиција, седење, клекнување како и седење со скрстени нозе. Трчањето по удолница станува проблематично дејство. Во свиткана положба чашката врши поголем притисок врз долните структури и болката се назначува. Основнате терапија е прекин на сите активности кои водат до вакви симптоми.

Процедурални постапки како ладење на коленото и евентуално антиинфламаторна терапија се првичните постапки. Коректната дијагностичка процедура (МР, КТ) и консултација со ортопед или трауматолог секогаш ќе ви обезбедат добри резултати во лекувањето. Битна е дијагностиката на повредата, но најбитна е дијагностиката на причината која довела до состојбата тркачко колено или хондромалација на пателата, пателофеморален болен синдром (patelofemoral pain syndrom / PFPS).

Корекцијата на стабилноста на коленото со зајакнување на квадрицепсната мускулатура или корекција на рамните стопала е постапка која ќе ви овозможи добри резултати. Хирушките корекции се усогласуваат со причините и најчесто кога се во прашање несоодветните положби на пателата т.е. усогласување на односот на чашката кон нејзиното лежиште.


Повеќе за заштита на колената на линкот: ЗДРАВИ СОВЕТИ ЗА ЗДРАВИ КОЛЕНА


 Основни препораки за тоа како да се минимизираат шансите за евентуална појава на овој незгоден синдром се:

  • зајакнување на квадрицепсната мускулатура, посебно на нејзината медијална или внатрешна глава
  • намалувањето на телесната тежина, ако е потребно, секогаш води до добри резултати
  • соодветно и доволно долго загревање пред тркачки активности
  • соодветно истегнување после спортска активност
  • соодветни спортски обувки и неистрошена потпетица
  • навремена корекција на рамните стопала со соодветни влошки
  • добро испланиран тренажен процес, за да се избегне синдромот на претренираност
  • избегнување на форсирано трчање по удолница

Познавањето на синдромот на ТРКАЧКО КОЛЕНО секако е добра превентивна мерка!