Турно на Јабланица

Jablanica Milky

Екипата на Зш Точак составена од Илина Арсова и Зоран Димoски ќе споделат со публиката уште едно неверојатно видео од незаборавлив фрирајд од недопрените Јабланички снежни падини.

Овојпат специјални гости беа и нашите екстремни Италијани Џорџо Дајдола, првиот човек кој скијал од 8000м во телемарк стил, уште во далечната 1989 година, Матео Гвадањими и Паоло Олиаро победник на првата титула Парис – Дакар. Планината нè почести со прекрасно време, свеж пудрест снег и ветер со брзина од 0 м /сек.

Рутата почна од селото Вевчани, каде и заврши со заслужен аперитив и дегустација на вкусни Вевчански производи. Искачивме одоколу 1300 м висинска разлика во времетраење од 3 часа 45мин. Планината нуди бескрајни фрирајд можности, па ве покануваме да ни се придруќите и бидете дел од авантурата.

Наша препорака: на која планина и да се движите, внимавајте на лавини и други непредвидени опасности. А пораката на господинот Џорџио е: Еден ден на планина, еден ден подалеку од доктор :)))) Уживајте!!!

Автор

ZS To4ak

Охрид

Македонија