Екологика

Одржливиот начин на живот е слобода

Спортист си, милионер си, живееш во хипи комбе, слободен од материјалните вредности во општеството…

Само храбрите одлучуваат да одат по својот пат наместо да ги следат материјаните вредности во општеството, посебно кога можеш да си ги дозволиш сите материјални работи за кои повеќето го поминуваат цел живот да ги освојат.

Живеј го животот што ти го кажува твоето срце. Пар зборови многу често кажувани но многу ретко вистински живеани. Повеќето не успеваат да го слушнат тоа што срцето им го кажува од огромната општествена бучава влечејки ги кон постојано потрошувачко однесување и барање на среќата во материјалните вредности.

Тие што успеваат да го следат сопствениот пат стануваат многу посвесни за своите вистински потреби и желби поедноставувајќи го својот живот и живеејќи го сонот кој одсекогаш бил посакуван.

Една таква сторија е сторијата за Даниел Норис, професионален бејзбол играч за Торонто Блус кој има милионски договор за своите фрлачки способности, договор кој му овозможува да си ги препушти сите материјални желби како и секој друг милионер со голема куќа, возен парк со повеќе скапи коли, еден куп гаџгети и скапи играчки.

Но тој не е како другите милионери, нема ниту гаража ниту голема куќа ниту непотребни материјални работи кои само би го преоптоварувале одземајќи му го скапоценото време…

Наместо тоа, животот на Даниел Норис е сведен на екстремна едноставност и слобода, живеејќи во комбе од 70тите, квалитетно адаптирано со сите основни работи за комфорен едноставен живот како што тој посакува, поткрепено со соларни панели за тотална независност. Така, посебно во слободниот период во бејзбол сезоната, може да се посвети на неговите останати сонови, планинарење, сурфање, природа, качување по карпи…

Духот на овој човек е израснат во планинско градче каде уште како мал бил истражувач на природата и отворениот начин на живот, помагајќи во фамилијарната продавница за планински велосипеди. Секој викенд со својата фамилија го поминувал во кампување, возење планински стази со велосипедите и качување по карпи. Со такво детство, потрагата по слобода и блискост со природата биле многу посилни од било какво типично материјално живеење, што би го оставило духот непотхранет за тоа што најмногу го сака.

Сега како професионален бејзбол играч, иако несакајќи, со својоето едноставно живеење тој руши одредени општествени норми, правејќи прашалници во главите на колегите и тимот каде игра. Но потсвесно повеќето му завидуваат на слободата и постојаната потрага по нови места за сурфање, планинарење, качување по карпи, кајакување…

Колегите од тимот кои се дрзнале да поминат некое време со него во неговите потраги, сега се навлечени на постојано планирање на следни вакви активности.

Со својот животен стил тој е пример за како да се живее едноставно во вистинска конекција со природата. Свесно одбирајќи да живее во комбе со кое единствено прашање би било која е следна дестинација за освојување, не само што укажува на слободата која доаѓа со ваквиот начин на живот, туку и не дозволува славата и богатството да ги променат неговите вредности.

  • “Мислам дека едноставноста во сето ова е тоа што најмногу се изразува, израснав со едноставен животен стил и знаев дека станувајќи професионален бејзбол играч моите вредности ќе бидат тестирани. Немам потреба од луксуз, барем не таков како што општеството посакува… Мојот живот е доста луксузен за мене, живеам на плажа со поглед на океанот, јадам здрави оброци и пијам топло француско кафе, тоа е доволно луксузно нели?” – Даниел Норис, објаснувајќи го својот живот.

Одржливиот начин на живот е всушност едноставен начин на живот, свесност за своите вистински потреби и желби и посветување на тоа што вистински се сака да се постигне во животот.

Извори: 

  • http://expandedconsciousness.com/2015/02/10/pro-baseball-player-live-van-answer-will-inspire/
  • http://www.baseballamerica.com/majors/norris-makes-case-hes-just-man-van/
  • http://www.grindtv.com/lifestyle/culture/post/meet-pro-baseball-player-lives-van/

Автор

Ekologika

Берово

Македонија