ЗШ Точак на АКОНКАГВА

Филип Василески – Четкар, еден од основачите на Зш Точак успешно се искачи на највисокиот врв во Јужна Америка.

Еден од основачите на ЗШ Точак, Филип Василески – Четкар (скриениот лик Филипе Гонзалвез :)) и неговиот брачед Стефан Стојановиќ од Белград го освоија највисокиот врв на Андите, АКОНКАГВА 6962 мнв, воедно и највисокиот врв на јужната хемисфера. Дечките се искачија комплетно самостојно без поддршка на некоја експедиција и водич. Моментално се наоѓаат во Буенос Аирес каде прославуваат :).

Филип имаше претходно еден обид за искачување на Аконгагва но неуспешен. Во неговото минато позначајни врвови кои ги има искачено се Елбрус (5,642m) и Килиманџаро (5,895 m) а годинава во мај месец го има во план Денали ( 6,194m) заедно со Илина Арсова.

Со нивното пристигнување во Македонија ќе објавиме комплетен видео запис од искачувањето на Аконкагва и негово лично интервју за karas4training.com

Автор

ZS To4ak

Охрид

Македонија