Екологика

Правење чист воздух во загаден град

Та не сме саде ние, та не сме саде тука, народ растенија дa саде, прочистувачи на воздухот црн. Сторија за најзагадениот град во светот и чистиот воздух на еден добар бизнисмен од градот. 

 

Приказната оди вака, Камал Митл e жител на Њу Делхи, град со најзагаден воздух во светот, кој во 1992 станал алергичен на воздухот, добивајќи дијагноза дека капацитетот на белите дробови му е намален и единствено решение за да се спаси било иселување од градот и пронаоѓање ново место за живеење каде воздухот е чист за дишење.

20тина години подоцна, Камал Митл сè уште живее во Њу Делхи, работи како ЦЕО на Пахарпур бизнис центар во градот и дишe чист воздух иако градскиот воздух сè уште е најзагаден во светот.

Магијата е во тоа што тој е истражувач и претприемач кој бара решенија за проблемите наместо да бега од нив. Ја согледува проблематиката со воздухот и создава зелена стаклена градина на кровот од својата бизнис зграда каде има поставено повеќе од 400 стебла домашни дрвца и растенија кои најдобро го прочистуваат воздухот.

Низ останатите 6 ката од зградата има уште 800 садници низ ходниците и канцелариите, со што низ целата зграда воздухот квалитетно се прочистува по природен пат.

По темелно прегледување на дотогашните истражувања од НАСА и останати научни центри за кои растенија најдобро го прочистуваат внатрешниот воздух, Камал комбинирал 3 вида домашни растенија, секое со посебни својства и за посебни простории со што деноноќно воздухот ќе се филтрира низ нивните листови.

Бидејќи имаат многу растенија низ целата зграда за кои треба доста вода, тие имаат направено систем за наводнување кој ја собира дождовницата кога врне со што немаат голем трошок за вода. Самите растенија поради нивната активност исто така ја одржуваат зградата во многу подобра состојба во енергетска смисла намалувајќи ги потребите за ладење и греење.

Резултатот од растенијата се и помалку боледувања на вработените во зградата, поголема продуктивност и воздух кој е чист како Давос во Швајцарија. Зградата го следи квалитетот на воздухот и имаат отворена платформа на секојдневна споредба со надворешниот и внатрешниот воздух – Клик тука.

Во продолжение рецептот за домашен чист воздух:
Арека Палма
Chrysalidocarpus lutescens

Активно е во текот на денот, одлично за дневни простории
Листовите на растението треба да се бришат скоро секој ден во град со загаден воздух или еднаш месечно во градови со чист воздух.
Потребни се 4 дрвца со големина до рамо по човек
Треба да се изнесува надвор на секои 3-4 месеци

 

 

 

 

 

 

Сансеверија
Sansevieria trifasciata

Работи ноќно, погодно за спални простории.
Листовите на растението треба да се бришат скоро секој ден во град со загаден воздух или еднаш месечно во градови со чист воздух.
Околу 6 до 8 вакви растенија по човек со големина до половината.

 

 

 

 

 

 

 

Epipremnum aureum

Најдобро расте на индиректна светлина или на повремени сончеви места со можност на не биде изложено на попладневно сонце.
Одлично е за одстранување формалдехид, бензен, јаглероден моноксид и останати испарливи органски соединенија од воздухот, па според тоа најдобро е да биде близу надворешните влезови и гаражата.

 

 

 

Автор

Ekologika

Берово

Македонија