На водопадите на Нијагара

Вил Гад и Сара Хунике со прво искачување на мраз на Нијагара

Најпознатите водопади во светот без сомнение се Нијагарините Водопади. На границата на Канада и САД доаѓаат околу 20 милиони туристи годишна за да ги видат. Досега многу луѓе се спуштиле по водопадите но Вил Гад и Сара Хуникен го направија првото искачување.

Вид Гад е еден од најдобрите качувачи на мраз на денешницата, а водопадите беа доволно смрзнати за да може да се качува по мразот. „Проверив едно место за кое мислевме дека може да се качува” рече Гад. Годинашната студена зима го забави протокот на вода, и со тоа се створи мраз кој е можно да се качува. „Да е малку потопла зимата, таму нема да има мраз.” Тој и Сара Хуникен го направија првото искачување на овој водопад.

Но мразот не беше баш лесен „Мразот е во слоеви” изјави Гад. „Тоа значи дека има еден слој мраз, па снег (со многу воздух), па уште еден слој мраз. Секако дека е нестабилно.” Вил даде оцена од WI6+ за ова искачување.

Иако околината изгледа тивко, не е воопшто мирна. Вкупно 150000 тони вода во минута течат преку работ со брзина од безмалку 100 km/h.

  • „Огромниот проток на вода постојано ја тресе подлогата и ги прави ледените полици и вертикали нестабилни и непшредвидливи.” рече Гад. „Ова е сурова околина, и интензивен предизвик е да се остане на мразот, а камо ли да го качиш.”

Насоката започнува со пречка преку нешто што Вил го нарече „казанот на проклетството” каде водопадот удираше во дупка во мразот. „Ако паднеш во „казанот на проклетството” готов си.” рече Гад. Над „казанот”, тој и неговата партнерка Сара поставија сидриште во една мала ледена пештера голема едвај колку телефонска говорница.

При качувањето еден од најголемите проблеми беше контактот со водата. „Толку бев близу до водата, што можев бајлата да ставам во водопадот.” рече Гад. „Некогаш, бев зад водената завеса, качувајќи мраз кој замрзнал зад завесата од вода која паѓа. Добар дел од таа вода ми паѓаше и во вратот.”

„Искачувањево ме претепа. Можеби стигнав до врвот, но Нијагара ме победи. На крајот на денот бев хипотермичен. Водопадот ми направи поголема штета одошто јас што му направив штета на водопадот.” додаде Гад за ова историско искачување на еден од најпознатите водопади во светот.