Колин Хејли и Марк-Андре Леклерсо нова линија во Патагонија

Огромно пречење на масивот Серо Торе од југ кон север

Американско-канадската наврска Колин Хејли и Марк-Андре Леклер од 18 до 21 јануари 2015 година направија ново пречење на врвовите Серо Торе, Торе Егер, Пунта Херон и Серо Стандарт.

Линијата која алпинистите ја поминаа ја посветија на загинатите алпинисти Бјорн-Ајвен Отун и Чад Келог и насоката ја именуваа „Traversia del Oso Buda”.

Роландо Гариботи, со кој Хејли во 2008 година направи пречење на четирите врва во спротивна насока, пречењето од север кон југ го опиша како еден од најголемите предизвици во масивот Торе. За ова пречење, Хејли и Леклер започнаа да качуваат на 19 јануари, и пред пладне по насоката „Ragni” стигнаа на врвот Серо Торе. Од врвот направија три абзела по насоката „Ragni” и почекаа до 18:00 часот. Потоа се спуштија по северната стена над седлото Col de la Mentira, каде го направија вториот бивак.

Следниот ден се спуштија до седлото, каде почнаа со качување во јужната стена на Торе Егер по насоката „Venas Azules” која во декември 2011 ја качија Bjørn-Eivind Årtun и Ole Lied. По петтиот цуг, поради лошите услови во стената, се одлучија да испречат во американската насока, и до врвот излегоа по источното ребро. Последниот бивак го уредија токму под врвот Торе Егер. Последниот ден од југ стигнаа до врвот Пунта Херон. Во 13:00 часот се спуштија на седлото Col de Sogni меѓу врвовите Пунта Херон и Агуја Стандарт, кој е дел од насоката стигнаа во 23:10. Oд врвот, абзелуваа надолу истата ноќ.

Точно е дека Колин Хејли има направено извонредно голем број искачувања во Патагонија, нo тоа не можеме да го кажеме за 22-годишниот Канаѓанец, кој досега во Патагонија качувал само еднаш. Исто така, интересно е да се напомене дека обајцата качувачи за првпат качуваат заедно. Запрашан за тежините, Хејли одговара дека се слични како и за обратната насока, која ја помина со Гариботи. Насоката ја посветија на норвежаните Бјорн-Ајвен Отун и Оле Лид, од кој Бјорн-Ајвен прв го планирал пречењето на масивот Торе од југ кон север.