Екологика

Зимските спортови во битка со климатските промени

Загрижени за сè помалите врнежи на снег во зимските месеци во последните години? Не сте единствени, многу зимски спортисти низ светот се замислени, а повеќето и доста загрижени…

Од сите спортови, зимските спортови се можеби најзагрозени од глобалното затоплување. Со постојаното и сè позабрзано растење на глобалната температура, климатските промени кои се случуваат на снежните региони се се повеќе загрижувачки, означувајќи почеток на забрзано намалување на снежните наслаги и одличните услови за живост на зимските спортови.

Како одите повисоко на планината, така се менува климатската зона од потопла на долните места кон поладна на повисоките. Е сега, со климатските промени потоплите климатски зони од долните краеви се искачуваат повисоко, со што повисоките региони добиваат потопла клима и помалку снежни денови, туркајќи ја и целата вегетација која успева на поладните региони кон повисоки делови од планината.

Глобално, планинските места каде снегот се задржува и во летните денови, веќе се истуркани 200 метри повисоко во последните 50тина години, намалувајќи ги местата на мајка природа каде зимските спортови си цветаат.

Скијањето од преспектива на економичен ум е од витално значење за многу планински региони низ Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Само во САД на пример економијата поврзана со снегот генерира околу 67 билиони долари годишно а глобално само со скијањето се вртат околу 9 билиони долари годишно, што значи ски резортите и останатите зимски туристички центри низ светот ќе бидат многу погодени од климатските промени.

Од перспектива на професионалното или аматерско уживање во зимските спортови и останатите зимски рекреации тоа значи многу помалку места и помалку денови за уживање и рекреирање во иднина.

Европските ски резорти и нивниот ризик од глобалното затоплување

Анализирајќи над 600 ски региони во Австрија, Франција, Германија, Италија и Швајцарија организацијата ОCED увидела дека денеска 90% од ски регионите имаат барем 100 дена идеални снежни услови во годината. Но веќе со 1 степен поголема температура на планетата бројот на регионите ќе се намали за 25%, со 2 степени веќе 40%, 4 степени повисока температура ќе значи 70% помалку снежни региони.

Овие снежни проблеми загрижуваат многу професионални зимски спортисти кои најмногу го чуствуваат овој проблем. Како одличен пример за ова е Џереми Џонс, професионален сноубордер кој директно ги осетил промените на негова кожа, снемувајќи му ги местата на кои некогаш бордал.

Препознавајќи ја празнината помеѓу зимската спортска фела и преземањето акции за решавање на проблемот со климатските промени, тој ја создал Protect Our Winters организацијата, која претставува обединување на професионалните зимски спортисти во активна борба против климатските промени.

Заедно со многу компании и организации низ Америка и светот тие ги мобилизираат сите зимски спортисти, одржуваат едукативни предавања, помагаат во различни кампањи за сопирање на климатските промени и служат како пример за новите снежни спортисти кои уште повеќе ќе бидат изложени на овие проблеми.

Една од поголемите акции во партнерство со the North Face е програмата „Топла Планета Кул Атлети“ со која имаат за цел да ги едуцираат средношколците низ Америка и Канада, каде веќе имаат одржано предавања на околу 22 000 тинејџери за ургетната заштита која е потребна на зимските региони.

Ако сакате повеќе да истражувате на темава можете да си ја набавите книгата – “Deep: The story of Skiing and the future of Snow” од Портер Фокс, скијачки ветеран кој во книгата прави многу добро истражување на зимскиот свет и долгата историја на скијачкиот спорт, анализирајќи ги чудесиите на снегот и спортот, како и реалноста дека климатските промени можат да ги уништат овие убавини во следните 75 години. Еве едно промотивно видео за неговото истражување: