Кекси од кокос

Сладок кркцкав кекс без грижа на совест и без потрошено време!

 
  • 100 грама кокосово брашно
  • 2 белки од јајце
  • 50 грами кафеав шеќер
 

1. Сите состојки се замешуваат во подлабок сад и се добива густа смеса

2. Во плех обложен со хартија за печење се поставуваат модли и смесата се натапкува во нив со дебелина од околу 1 см.

3.Модлите се вадат и кексот се пече на 200 степени во загреана рерна. Доволни се десетина минути или додека да пожолтат рабовите.

Автор

Dusan Jovanovski

Скопје

Македонија