Пофалба од Ивица Аницин

Поздрав до сите пријатели на Атлетикс.мк и Karas4training.

Јас одамна сакав да ги постигнам моите фитнес – цели и се обидував неколкупати сам низ годините, со променлив успех. Во тие обиди ја спознав потребата од личен тренер кој ќе умее правилно да ме води, општо низ програмата, а најмногу во критичните моменти од тренингот.

Тренер кој ќе препознае точно кога можам три повторувања повеќе или пак ќе ме олабави ако увиди дека сум преморен. Сега во Стефан го имам токму тоа што го барав.

Работата му е прецизна и дисциплинирана – првични прегледи, дефинирање на целите, увтрдување на дневните потреби од храна, редовни мерења на напредокот и модификации на програмата согласно напредокот.

Атмосферата во студиото е пријатна, нема гужва кога си во ситуација еден на еден, клиентот сам си пушта музика што го концентрира или мотивира. Сè на сè, идеално за фокусиран тренинг.

Ова е моето искуство, Стефан ја има мојата доверба и планот за вежбање ни е долгорочен. Мојот напредок е документиран овде на страницава и можам да ги дадам моите најдобри препораки. Поздрав

Автор

Atletiks Fitness

Скопје

Македонија