Семинар со најдобриот БЏЏ борец на сите времиња – Роџер Грејси

Викендов нашите претставници од „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“, на чело со Председателот на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица, Алексовски Ивица имаа привилегија и можност лично да се запознаат и учат директно од најдобриот борец во бразилска џиу џица досега, Роџер Грејси.

Ако треба да учите бразилска џиу џица и ММА од НАЈДОБРИТЕ, тоа со сигурност е РОЏЕР ГРЕЈСИ!!! Роџер има импресивна БЏЏ и ММА кариера. На семинарот кој се одржа во Загреб, Хрватска присуствуваа многу носители на црни, кафени, виолетови, плави, бели појаси и љубители на БЏЏ и ММА од регионот.

На семинарот учестуваше и УФЦ борецот од Хрватска, Игор Покрајац со кого Алексовски имаше привилегија да прави спаринг и да научи повеќе детали за одредени техники. Роџер прикажа неколку базични техники со многу детали, детали со кои е многу полесно изведувањето на завршниот зафат.

Благодарение на својата богата кариера многу често низ објаснувањата ги споменуваше борбите со познати светски шампиони во БЏЏ и ММА преку кои сакаше полесно да ја објасни техниката, начиниот како таа да се изучи побрзо и поквалитетно.

Исто така на крајот од семинарот Роџер направи неколку спаринзи со различни противници, носители на црни, кафени и виолетови појаси каде што ја прикажа својата мајсторија. Преку спаринзите нашиот тим на лице место се увери во големината на овој фајтер.

Благодарение на посветеноста на нашиот тим за поголемо присуство на турнирите и семинарите, квалитетот на нашиот тим секојдневно е на се повисоко ниво. Во петокот нашите претставници беа на тренинг во БЏЏ клубот под водство на црниот појас во БЏЏ и претседател на Хрватската Федерација за БЏЏ, Бојан Мирковиќ, кадешто со членовите направија повеќе спаринзи и си разменија искуство.