Рекорд на „Нос“-от
Најбрзите девојки на „Нос“-от досега

Новиот женски рекорд за брзинско искачување на „Нос“-от на Ел Капитен го поставија Либи Саутер (Libby Sauter) и Мејан Смит – Гобат (Mayan Smith-Gobat).
Американката Либи Саутер и новозеланѓанката Мејан Смит – Гобат за четири дена двапати го подобрија женскиот рекорд на „Нос“-от на Ел Капитен. Најпрвин на 28 октомври тие ја искачија 32 цуга долгата насока за 5 часа и 2 минути, и се приближија на својата желба, најпопуларната насока на Ел Кап да ја качат за не повеќе од 5 часа. по краток одмор, на 31 октомври уште еднаш влегоа на „Нос“от и го качија за 4 часа и 43 минути.
Погледнете нешто повеќе за ова искачување во видеото подолу