Reel Rock Valley Uprising – Yosemite’s Rock Climbing Revolution

Видео репортажа од Reel Rock турнејата во Скопје

На 26 ноември 2014 во Младински Културен Центар, оваа година за првпат македонската публика имаше можност да го проследи и деветтото продолжение на Reel Rock филмската турнеја која ги прикажува најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. За оние кои не беа на ова авантуристичко доживување, ќе се обидеме дел од атмосферата да доловиме преку ова кратко промотивно видео. Се гледаме наредната година на десеттото издание на Reel Rock! 

На 26 ноември 2014 во Младински Културен Центар, оваа година за првпат македонската публика имаше можност да го проследи и деветтото продолжение на Reel Rock филмската турнеја која ги прикажува најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот.

Reel Rock проекциите се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм, а заедно со скоро сите поголеми градови низ светот, оваа година и Скопје ја имаше несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на Reel Rock кој го донесе и долго очекуваниот документарен филм “Valley Uprising – Yosemite’s Rock Climbing Revolution”, најзначајната нераскажана приказна посветена на Американската контра-култура и алпинистите од Јосемитската долина, филм кој доби престижни награди на многу фестивали за планински филмови низ светот.

Покрај филмот, дел од овој настан беа и различните презентации и кратки видеа, како претставувањето на гостите од Србија Оutdoor collective, кратки видеа од српската качувачка сцена, проекција на видеото “Commit to The Pact на Access Fund”, интервју со Бреди Робинсон од Reel Rock Tour Белград, презентацијата на Александар Кирковски по повод 150 години од првото искачување на Матерхорн, изложбата на оutdoor фотографии од Македонија од репортажите на SkiMacedonia, како и доделувањето на награди и многу други изненадувања.

 

Автор

Ski Macedonia

Скопје

Македонија