Еден убав „сончев“ ден на Пелистер

Рута Камењар – Антени, снимено на 28.12.2014. Интересниот дел почнува после првата минута. Екипа: Јас (Саша Грбиќ), Сања Грбиќ, Горан Костовски, Александар Бавчанџијовски и Јован Пауновски.

Тргнавме во недела 28.12.2014 во 07:10 часот од Молика. Во 14:30 стигнваме на Антена. Од таму го започнавме симнувањето во 15:50 часот по широкиот пат од „ловечка“ до инфо-центарот, откаде моравме пак да се качиме до Молика за да ги земеме колите. Колите беа завеани во снег преку 30 сантиметри, а патот не беше исчистен. Тргнавме во 21:00 часот за Битола и стигнавме во 22:00.