Пијани маслинки

Изненадувачки вкусни и погодни за секоја пригода…

 
  • 300 грама зелени маслинки
  • 1/2 чаша џин
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1/4 лимон со кора
  • 3 лути чили пиперчиња
  • 1 лажица оригано
  • 2 чешниња лук
  • 50 грама бело сирење
  • бибер
 

1. Маслинките се посипуваат со сите состојки, освен сирењето, се оставаат да отстојат половина час.

2. Рерната се загрева на 180 степени, па ги печеме околу 30тина минути, на крај се додава сирењето на коцки и се потпекува уште 5 минути.