Огнен дигестив

За засилување на имунолошката заштита, но и внатрешно стоплување во зимските месеци…

 
  • 1 парче ѓумбир
  • 1 парче рен
  • 1 лажичка куркума
  • 1 среден кромид
  • 7-8 чешниња лук
  • 2 лути суви пиперчиња
  • сок од 2 лимони
  • 2 лажици бибер во зрно
  • 2-3 гранчиња рузмарин
  • јаболков оцет
 

1. Ѓумбирот, ренот и кромидот се сецкаат на коцки и треба да бидат од прилика во еднаква количина, околу 1/2 чаша. 

2. Сите состојки исецкани и подготвени, се редат во тегла и треба да зафакаат околу 3/4 од теглата.

3. Теглата до крај се полни со јаболков оцет, убаво се затвора и се чува 2 недели на темно.

4. На крај течноста се процедува и се собира во шише, а се препорачува да се пие заблажено со лажичка мед. 

5. Останатите состојки можете да ги употребите за чорба или омлет.