Фитнес, Убавина и Здравје

FIBO – Најголем Европски фитнес саем

FIBO – Претставува најголемиот фитнес и бодибилдинг саем кој се одржува во месец Април секоја година и трае 4 дена.

На овој саем можат да се видат БУКВАЛНО сите новитети кои се воведени во светот на фитнесот, бодибилдингот, спа, суплементацијата и дел од боречките спортови. Четирите дена се малку за да се задоволат очите со тоа што го има таму. Преку слики, раскажување и видеа малку е да се долови она што се случува. Благодарение на 116.000 посетители и 700 изложувачи, Fibo е светски водечки саем за фитнес, убавина и здравје.

Секоја година во април, глобалните топ-носители на одлуки од оваа индустрија доаѓаат заедно во Келн во потрага за најновите иновации и трендови за нивните спортски сали, велнес објекти, лекарите и физиотерапевтите, хотелските менаџери итн.

Ние како редовни посетители, сопственици на фитнес клубот “Energy” од Прилеп го следиме светскиот тренд, Пa можеме да одделиме неколку фотографии со кои ќе Ве прошетаме со задоволство во светот на фитнесот, па љубители, се надеваме ќе Ви привлечиме внимание и наредниот 9 – 12 Април 2015 година ќе станете и Вие дел од тоа спектакуларно случување во Келн Германија.

Вашето присуство на тој саем нема да биде само едно обично присуство, туку секој штанд нуди безброј најразлични изненадувања со кои Ви изразуваат благодарност за Вашата посета, а на некои од нив имате можност да ги видите познатите фацки од светот на бодибилдингот како Џеј, Фил, Колман итн.