Кокос колачи!

На здравје!
- 100 г. кокос
- 100 г. cецкани ореви
- 50 г. несолен путер
- 1 супена лажица згуснато млеко со шеќер (Noy Noy)
- 2 супени лажици пченкарно брашно
- 1/2 мала лажица прашок за пециво
- 70 г. шеќер
- 1 јајце
Подготовка
1. Стопете го путерот и оладете го.
2. Замешајте го кокосот, ореви, шеќер, јајце, прашок за пециво, згуснато млеко, пченкарно брашно и топениот путер.
3. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер да отстои 1 час.
4. Загрејте ја ререната на 190 степени.
5. Ставете хартија за печење во тава. Со мала лажица направете колачиња во големина од 2 см и задржете 2 см растојание помеѓу нив зашто ќе се зголемат во печењето. Ставете на секое колаче по едно парче орев.
6. Печете ги 10-тина минути. Оладете ги и отстранете од тавата.