Есенска крем супа

Богатство од бетакаротени…

 
  • 500 грама сладок компир
  • 500 грама тиква
  • 20 грама ѓумбир
  • хималајска сол
  • семки
  • копар
  • павлака
 

1. Слаткиот компир, тиквата и ѓумбирот се варат и потоа се ставаат во блендер заедно со дел од водата во која се вареле (количината на водата зависи од посакуваната густина на супата).

2. Потоа смесата се враќа, се додаваат зачини (хималајска сол, сув копар) и се вари уште 5 минути на тивок оган.

3. Семките од тиква и сончоглед се печат кратко и откакто ќе ја сервирате супата во чинија, ги додавате и семките, свежиот копар и павлака по желба.

Автор

Ivana Petrovic

Скопје

Македонија