Погача со тиквички

Вкусна и лесна подлога за секаков намаз.

 
  • 300 грама бело брашно
  • 300 грама интегрално брашно
  • 2 зелени тиквички
  • 20 грама свеж квасец 
  • 1 лажичка мајчина душичка
  • 2 лажички семе од лен
  • 1 лажички сусам
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица маслиново масло
 

1. Тиквичките се рендаат, се посолуваат и се оставаат во цетка 10 минути да ја испуштат водата, а потоа со раце убаво се истискуваат.

2. Се мешаат двете брашна и им се додава квасецот (претходно стасан со 1 чаша млака вода) и се замесува тесто. Тестото се остава да отстои 1 час.

3. По еден час, тестото се префрла во набрашнето тавче и одново се остава да стаса, околку 30 минути.

4. Се пече во загреана рерна на околу 200 степени, 40 минути.

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија