Прво женско повторување

Саша ДиЏулијан и Еду Марин качија 300 m-ска насока со оцена 8b+

Саша ДиЏулијан во наврска со Еду Марин е првата жена која ја искачи насоката „Viaje de los Locos” (8b+) на италијанскиот остров Сарднинија

Саша ДиЏулијан и Едуард (Еду) Марин го направија второто искачување на насоката „Viaje de los Locos” (8b+) на италијанскиот остров Сарднинија.

  • „тоа е маратон од тешко качување, и тоа во темпо како спринт” рече ДиЏулијан за насоката од седум цуга.

Обајцата првично планираа да качуваат во Швајцарија, но дождот ги одби и тие брзо избраа нова дестинација. Патувајќи со воз, траект и автомобил, стигнаа во националниот парк Gola di Gorropu и најдоа нова цел за нив.

„Viaje de los Locos” што во превод значи „патувањето на лудакот” е поставена во 2002 од страна на шпанецот Дани Андрада и французинот Даниел Дулак. Насоката од 330 метри има седум цуга: два цуга со оцена 7c, еден со 8а, еден 8а+, два 8b и еден цуг со оценка од 8b + и започнува со 8b, клучниот дел е 8b+ во третиот цуг. „Лесните” делови имаат оцена од 7c.

  • „Фактот што оваа насока долго време не беше повторена сведочи колку е таа тешка” рече DiGiulian, која заедно со Marin ја качија насоката на 1 септември оваа година.