Трчавме по стапките на Крали Марко

Дека Македонија полека но сигурно се впишува на мапата на светското треил трчање говори овогодинешното издание на планинската трка „По стапките на Крали Марко“ – “Krali Marko Trails 2014” и нејзината брилијантна организација.

Трката се одржа овој викенд како дел од големиот празник на народното востание на македонскиот народ со старт во Варош, Прилеп. Оваа година на репертоарот беа две исклучително интересни стази за трчање.

Пократката водеше од Варош, заобиколувајќи ги марковите кули до манастирот Трескавец и назад со вкупна должина од 16 километри и висинско качување од 820 D+. Трката започна во 10 часот а учествуваа повеќе од 80 луѓе. 

Втората трка која што воедно ја стави Македонија на мапата на ултратрејл маратоните беше исклучително тешката 64-километарската делница составена од 9 сегменти која беше исполнета со 3000 м висинско качување (D+) и која водеше низ разни живописни предели на прилепскиот регион. На неа учествуваа околу 70 луѓе од кои завршија вкупно 53. 

Организацијата од страна на здружението на планински тркачи TREX, ПСД Макпетрол, Општина Прилеп и многу волонтери помина во екстремно добар ред. Патеките беа комплетно маркирани, а освежителните и контролни станици беа целосно опремени за одмор и собирање на енергија од страна на натпреварувачите. На стартот и целта, манифестацијата беше збогатена со супер енергија, настап на неколку бендови, навивање и бодрење од страна на сите присутни и многу насмевки. 

Тука можете да ѕирнете како беше на KMT минатата година

Целосната листа на резултати можете да ја погледнете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија