Adventure week – Western Balkans (video)

Неделата на авантури за која можете да прочитате повеќе тука дефинитивно беше најважниот настан досега во Македонија од областа на авантуристичкиот туризам.

За нашите гости да можат да ја доживеат нашата убава Македонија, да ја вкусат, да се нурнат во нашата богата историја и да се запознаат со потенцијалите за активен туризам, за само неколку дена, бевме изложени на одлична дружба, многу акција, адреналин, размена на искуства, патувања, супер храна, убаво вино, прекрасни места, малку спиење и многу лекции за тоа колку треба да го цениме и заштитиме она што го имаме и како да го направиме интересно за потенцијалните туристи.

Се вративме уморни, но инспирирани и со суптилна доза на гордост поради препознавањето на потенцијалите на Македонија од страна на овие високо кредибилитетни имиња од светскиот авантуристички туризам потенцирано со потребата од заедничко и стратешко работење на едукацијата и усовршувањето на локално ниво.

Имавме премногу материјал и искрено мака видовме да го средиме видеово со желба да ве иснпирираме и Вас и нормално кратко да си поуживате.