Успех на веслачите од Охрид

Викендов Веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид, учествуваше на Интернационалната регата во Пловдив, Република Бугарија.

На регатата учествуваа 14 клубови од 6 земји. Веслачите на „Југ“ освоија 2 бронзени медали, во дисциплината скиф за кадетки. До бронзата довесла Анастазија Паскали, додека во дисциплината скиф за сениорки тоа го направи Александра Ивановска.

Исто така паралелно се одржа и натпреварување во веслачки ергометар каде што Анастазија Паскали го освои златниот медал, додека Александра Ивановска го освои бронзениот медал.

Автор

Aleksandra Ivanovska

Охрид

Македонија