Екологика

Домаќинска екологика

Кога треба со точак да се однесеш од пазарење до дома, носењето на намирници често се трансформира во уметност на планирање, мерење, распоредување и балансирање.Тогаш го измислија ова…

Точакот како превозно средство понекогаш е комплициран баш за таа намена, особено при купувањето од супермаркет и носењето на производите кон дома, при што 4,5 полни кеси стануваат пречка за безгрижното возење и уживање.

Пластичните кеси кои ги добиваме од продавниците се наменети за пренесување на намирниците со нашите раце и тие воопшто не се удобни и не се наменети за пренесување со точак.

Милиони лица гледаа како јаболкото паѓа од точакот, но двајца студенти од Виена се запрашаа зошто.

  • „Точакот би бил перфектно сретство за патување низ градот доколку ги нема проблемите со пазарување и транспортот на намирниците. Кога сме во продавница постојано се прашуваме дали кесата е доволно голема и издржлива за да ги однесеме намирниците безбедно до дома. Ова шишево вода да не е премногу тешко?..“ – велат дизајнерите Матеас Лечнер и Филип Мохерндл.

Па се фатиле за работа – креирање носач на намирници кој може да се дава во продавниците наместо кеса, наменет за пешачење, но и за на точак. И да, мора да биде материјал кој ќе се рециклира.

Резултатот бил цврст картон кој се свиткува во носач и кој е токлу евтин што може да се дава во продавниците, наместо да купувате поскап носач за кој морате да планирате да го земате со себе при купување. Може да се користи повеќепати, а доколку не ви е потребен, бидејќи е картон, лесно можете да го оставите на места за рециклирање. 

Планот на дизајнерите е со тек на време да ги продаваат носачите низ маркетите како и останатите кеси, за сега ги даваат бесплатно, спонзорирани од компании кои сакаат да се рекламираат на самите носачи.

Крајната цел е се повеќе луѓе да се откажат од автомобилите како превозно средство при купување.

  • „Ако точакот вистински станува главно превозно средство за идните генерации, тој мора да биде многу лесен за користење при секојдневните потреби, како пренесувањето работи и пазарување.“