P90X & P90X3

Интервју со Владимир и Даниел – P90X и P90x3 мотивациони тренери

Што е P90X?

P90X фитнес програмата се базира на теорија наречена „конфузија на мускулите“. Ова е модерна верзија на програма за вежбање и она што ја карактеризира оваа програма е комбинацијата од вежби со тежина, јога, пилатес, карате, брзи тренинзи со скокови и други основни вежби. Фокусот е да бидете сигурни дека ќе имате 90-дневен план на исхрана и ги следите рутините кои се фокусираат на вашите предности и слабости, бидејќи постојат 12 различни вежби – со кои вашето тело неизбежно мора да се промени. Значи, тоа е превоспитување на се што е потребно за да постигнете и дојдете до најдобрата форма од вашиот живот, без оглед на тоа дали сте: екс-спортист, мајка на пет деца, без разлика дали сте на возраст од 25 или 45 години.

Како да се мотивираме и да се решиме да вежбаме?

Не барајте оправдување дека сте премногу зафатени, немате време, дека имате деца и ред други обврски во модерното време, поради кои неможете да најдете слободно време за да направите нешто ново за вашето тело и здравје. За здравјето пред се… клучно е вежбањето во комбинација со здрав начин на исхрана. Ако сакаме да го подобриме квалитетот на нашиот живот мораме да вежбаме уште денес. Со секојдневното вежбање, не само што ќе ги подобрите здравјето и телото, туку ќе добиете и повеќе ентузијазам, ќе ја подобрите меморијата, како и сонот, флексибилноста, балансот и ориентација во просторот. Едноставно ќе бидете онакви како што од секогаш сте се замислувале.

За подобра претстава на нашите тренинзи во продолжение следи едно мотивационо видео

 

Кога да јадеме и вежбаме?

Не постои универзално време за јадење и вежбање. Ние самите сме жртви на нашата реалност. Вашата реалност диктира кога е најдоброто време за вежбање за вас. P90X тимот во Скопје, со цел да ве мотивира и запознае со оваа програма, има организирано термини на различни локации во градот, каде работиме на намалување на прекумерната тежина на нашите членови и им даваме шанса да се запознаат и вклопат во програмата и да бидат здрави. Секој има различна појдовна точка, во зависност од тоа дали сака да ги стопи вишокот масни наслаги, да додаде мускулна маса, или да поработи на својата флексибилност, па токму затоа во P90X постојат различни модификации на една иста вежба, а се со оглед за прилагодување кон вашата моментална физичка спремност .

Јадете кога сте гладни. Треба да знаеме што внесуваме, односно вашата исхрана е „бензинот” за наредното вежбање. Доколку јадете (зеленчук, овошје, протеини и здрави масти) нема да имате проблеми со прекумерната тежина. Отфрлете ги вишокот на лоши масти, шеќери, сол, бело брашно, газираните пијалоци, бидејќи сето тоа се вишок на калории кои се штетни за вашиот организам и го деформираат вашето тело во вид на вишок на масни наслаги.

Што значи теоријата „конфузија на мускулите“?

Доколку се качувате по скали ќе добиете некаков резултат, меѓутоа доколку се качувате по карпи ќе добиете многу повеќе од тоа. P90X е мулти димензионална програма во однос на мускулната конфузија. Се става силен акцент на флексибилноста, потоа вежбите со тежина, се става силен акцент на јадрото на телото како и кардиоваскуларните тренинзи – plyometrics (брзи вежби со скокови).

Идејата е да се работи на вашите предности како и слабости, тоа е она што го збунува мускулот – разноликоста на вежбите во текот на целата недела. Со мускулната конфузија се избегнува плато ефектот (ефект од еднолично вежбање) и поради комбинацијата од многуте фитнес дисциплини, мускулите се спремни за нов предизвик, се активираат сите можни мускули од телото и се согоруваат преку 700 калории во зависност од интензитетот на вежбачот.

Од оваа сезона започнавте и со нова програма P90x3. Која е разликата помеѓу P90x и P90x3?

Разликата помеѓу P90X и P90X3 е тоа што акцентот на P90X3 како понова програма е ставен на скратување на времето за вежбање, односно за само 30 минути вежбање, ефикасноста и ефектот се слични во однос на P90X. Во овие 30 минути се трошат 500 до 600 калории, а додека со P90X тренинг од 60 минути се трошат 800 калории. Според тест групата, излегува дека луѓето можат да добијат подобри резултати со 30 минути вежбање наспроти 60-те минути вежбање со P90X. Зошто е тоа така? Според истражувањата, најмногу драматични трансформации на телото можат да се случат во првите 30 минути вежбање.

На кои локации во градот може да се вежба програмата P90x?

Сите идни членови ќе можат да се вклучат на некоја од следниве локации каде 5 дена во неделата ќе се одржуваат тренинзите:

Понеделник, Среда, Петок

– Основно училиште Браќа Миладиновци од 20:00 до 21:00 часот (Аеродром – Острово)

Вторник, Четврток

– Основно училиште Песталоци од 19:00 до 20:00 часот (Центар)

Со пет дена вежбање како и планот за исхрана кој го нуди програмата, тимот на P90X Скопје ви гарантира топење на вишокот масни наслаги на вашето тело, кондиција, подобрена флексибилност, како и координација во просторот, подобрено здравје, подобар сон, крвна слика, и секако, во зависност од интензитетот на вежбање, врвни атлетски мускули и затегнато тело какво што секогаш сте посакувале. Потенцираме дека програмата е наменета како за почетници или луѓе кои немаат искуство така и за професионални спртисти.

За нас:

Посветени сме на правилната исхрана и секојдневното вежбање со цел поздрав животен стил. Слободното време го поминуваме во планинарење, фитнес, велосипедизам, студените зимски денови возејќи сноуборд, а сакаме да им помогнеме на другите пренесувајќи го своето искуство со исхраната, мотивацијата и вежбањето.

„НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ“ е реченица која секого го тера да издржи до крај.

Посетете ја нашата Фан страница на Фејсбук – https://www.facebook.com/P90Xskopje

 

„P90X – Do your best and forget the rest”