Тимот за спасување на планина на „Балкан Бајк Фест“

Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје овој викенд беше дел од Балканскиот Велосипедски Фестивал.

Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје овој викенд беше дел од Балканскиот Велосипедски Фестивал во Скопје во категоријата на планински велосипедизам кој се одржуваше на Водно, со своја задача за обезбедување на натпреварувачите при незгоди.

Тимот својата задача ја одработи крајно професионално со одлична координираност заедно со организаторите, каде целото Балканско првенство во планински велосипедизам помина во најдобар ред со мал број на интервенции.