Господинот Туна во зелен кревет

Свежа зелена салата полна со Омега-3, а со малку заситени масти…
- 1 марула
- 1 конзерва туна во вода
- 1 краставица
- 1 варено јајце
- 1 лимон
- бибер
- 1 лажичка extra virgin маслиново масло
- мешани семки
- 5 маслинки
Подготовка
1. Искинете ја марулата со раце на големи парчиња, исечете ја краставицата на големи парчиња, додадете сок од лимон, свежо мелен бибер, маслиново масло, мешани семки и измешајте.
2. Земете ја туната и истурете ја врз миксот од зелена салата, испрскајте малку со сок од лимон и одозгора ставете го јајцето.
3. Декорирајте со маслинки и ако сакате додадете неколку резанки црвен кромид.