Протеинска бомба
Добар оброк по тренингот бидејќи содржи многу протеини.
- 350г „Охридски изварок”
- 350г мали шкампи
- 150г кравјо кисело млеко или кефир
- китка свеж копар
- сол, бибер
Подготовка
1. Во зовриена вода ставете ги шкампите и варете ги 5-10 минути со малку копар, сол и бибер.
2. Во меѓувреме измешајте го изварокот со кисело млеко, додадете сол и исецкан копар.
3. Кога шкампите се готови, извадете ги од водата, оладете ги и помешајте ги со останатите продукти.