Комерцијален текст

Топло-ладна палета на производи во Медикус Хелп

Медикус Хелп е поддржувач на здравиот начин на живот кој во својот асортиман на производи има најразлични помагала кои го олеснуваат секојдневието на секој физички активен човек.

Маска за лице 

Еден од производите кои ви ги препорачуваме е маската за лице на Медикус Хелп.  Маската за лице е изработена од нежен материјал. Може да се користи за топла или ладна терапија зависно од намената: изгореници од сонце, после ласерски третман на лицето, синуси/третман за алергии, главоболка/третман за мигрена, стресна напнатост, воспаленија, подобрување на циркулацијата, постоперативни отоци.  Маската за лице е со повеќекратна употреба, се мие и лесно се дезинфицира.  Материјалот на маската не замрзнува и станува се помек со употреба. Специјалниот гел кој го содржи е нетоксичен и биоразградлив. Маската за лице може да се загрева во микробранова печка и да се лади во фрижидер.  

Топло/Ладни Вреќички

Топлината и студот се две најчести видови на терапија за болка како и олеснувачка терапија за мускулите и зглобовите. Ги препорачуваме топло/ладните вреќички на Медикус Хелп кои се користат секогаш зависи од тоа дали болката е нова или периодична. 

Секоја повреда предизвикува воспаление и евентуално оток. Со мраз ќе се намали протокот на крв кон повредата, а со тоа и ќе се намали воспалението и отокот.  Ладната вреќичка на Медикус Хелп се става како ладна облога, вреќичката се полни со 2/3 мраз, ладна вода или мешано. Се става директно на болната зона. Се употребува при: треска, црвенило на очите, главоболка, забоболка, болки во мускулите и при спортски повреди. Топлата вреќичка на Медикус Хелп за да се користи како топла облога се полни со 2/3 топла вода, чија температура не смее да биде повисока од 45ºС. Се употребува при проблеми со синуси, болки во грбот и вратот, менструални тегоби, мускулен замор и кај болка која што  се повторува со цел да се  донесе крв во областа на повредата.  

Мека топло/ладна облога

Медикус Хелп секогаш препорачува на своите потрошувачи производи од природни материјали како својата мека топло/ладна облога со двојна употреба, 100% природна. Меката облога е исполнета со глина, нежна на допир и одлична замена за топлотните перничиња и пакувањата со мраз. Нејзината употреба е неограничена бидејќи е изработена од нетоксични материјали. Дури и на температура под 20 степени останува мека. Може да се витка под било кој агол што овозможува максимално покривање на зглобовите и мускулите. Може да се загрева во микробранова печка и да се лади во фрижидер. Температурата се одржува приближно 30 минути.   

Наша единствена цел е задоволството на нашите купувачи.

Медикус Хелп е пријател на вашето тело, пријател на животот.