Искачувањето на Кораб целосно обезбедено

Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје се погрижи овогодинешното искачување на Голем Кораб по повод Независноста на Македонија да мине во најдобар ред. 

Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје и оваа година на традиционалниот марш на 07.09.2014 по повод независноста на Македонија Кораб 2014-та, ја покажа својата професионално зададена задача во обезбедување на сите пријавени качувачи и гарантирање на нивната безбедност кон искачување и симнување од врвот.

Со професионалната координираност на тимот овој настан резултираше без сериозни повреди и инциденти. Настанот заврши со највисоко ниво на почитување на сите планински стандарди !