Печени јајца без масло
Едноставен, но хранлив појадок…
- 1 голем домат
- јајца (зависи од тоа за колку луѓе спремате)
- кашкавал
- сино сирење
- мешани семиња без сол
- босилек
- бибер
Подготовка
1. Исечкајте го доматот на дебели парчиња и пропржете го.
2. Истурете ги јајцата и покријте ги со доматите. Попрскајте ги јајцата со босилек и бибер.
3. Одозгора ставете ги парчињата кашкавал и малку од синото сирење (можете да измешате и повеќе видови на сирење).
4. Истурете малку и од миксот семки, а потоа покријте го тавчето со капак.
5. Оставете го тавчето на среден оган 10тина минути. Потоа, тргнете го поклопецот и почекајте уште 5 минути, додека да испари водата и течноста од доматите.
Забелешка:
Не ви е потребно масло за време на печењето бидејќи јајцата се печат во сок од домати и во маслото од кашкавал и сирење.