ПОДОЛГИОТ ПАТ е обично пократок

ПОКРАТКИОТ пат е најчесто подолг!

Во Македонија во фитнес индустријата има недоволно стручност и стручен критицизам и тоа веројатно поради недостаток на квалитетни стручни лица и поради апатијата и незаинтересираноста на поголемиот дел од нив.

 

Со добра стручна програма ќе има ефект. Но ако е земена од ДВД, не е приспособена и лицето кое ја применува не е стручно ризикот е голем.

Без коментар на смртните случаи и на многуте повредени , едноставно некои исцрпувачки „до болка” програми за вежбање ( како кросфит. инсенити и др. ) спроведувани неадекватно и нестручно не се ни за спортисти, а најмалку за рекреативци.

Скратено, најважно е тренингот да биде:

– индивидуално приспособен
– прогресивен
– периодизиран
– безбеден ( да биде сведен на минимум ризикот од повреди и пад на имунитет)
– да може да се изведува подолг континуиран период од животот !

1. Ако сите вежбачи работат се исто – исти вежби, дури и серии, повторувања без разлика на физичка способност, старост и безброј др. фактори нема ништо индивидуално во тоа.  Индивидуалност – односно приспособување на тренингот на одредена личност е неизводливо во големи групи. Мали групи или лични тренинзи се секогаш подобри. Некои вежби не се за некои луѓе и точка. Тоа се рекреативци, треба да ослабнат, не да прават олимписки кревања или да скокаат.

2. Тренингот треба постепено да се појачува, не само низ денови, туку и години. Професионалните спортисти вежбаат со години да дојдат да некое ниво да можат не само да останат таму, зошто тогаш на рекреативците маркетиншки им се сервира „информација“ дека би требало за неколку недели од „нула“ да дојдат во топ форма во животот при тоа правејќи тренинзи толку заморни што се на работ од „здравјето“?? Да беше тоа изводливо сите ќе беа спортисти !

3. Дури и во таков краток период од неколку недели, нема никаква периодизација во никаков апсект ниту временски ниту програмско-содржински. Вклучување на таков интезитет и такви тешки вежби со почетници е лудост.

 

4. Одредени вежби не зе рекреативци. Не се собира сè „што е тешко” и се нафрла во еден „убиствен програм“. Некои вежби не се наменети за кардио ( трзај, набачај, мртво кревање, скокови итн.). Не треба да се убиваат со скокање рекреативци без разлика на телесна маса што довчера се излегувале и кај кои со поумерен програм може да има поголем ефект и да ги зачува нивните зглобови од толку скокања за кои воопштто не се обучени.

Треба време да се научат такви тешки скипинзи, скокови, потскокнувања да се изведуваат правилно, а тоа трае најмалку неколку месеци некогаш и години. Полно луѓе немаат потреба воошто да ги научат. Ако некој сака да ослабне има стотици поедноставни и побезбедни вежби и методи. Ако се вежба до голем замор, паѓа нивото на внимание и концетрација и може да дојде до невнимателност и повреди, посебно при работа со поголем интезитет или ризични вежби.

5. Ако вежбате многу, многу интензивно, некогаш ќе мора да прекинете. Ако тоа не биде болест од ослабнување на имунитетот или повреда тогаш ќе биде претренираност. Обично тие што се импресонирани од „убивачко вежање“ се оние што уште се тазе вежбачи во тие програми (први 2 месеци). Здравје и згодно тело не е „работа” за неколку месеци, туку со години.

 

Ако сакате долгорочно здравје и баланс со телесната маса мора да имате поумерен но континуиран програм за вежбање. Значи без јо-јо ефект на килажата на телото и толку ризици.

Здравјето пред сè или ќе удрите во ѕид.

ПОДОЛГИОТ ПАТ е почесто Пократок!!

Во Македонија едноставно нема доволно системска применливост на стручностa, веројатно од причина – недостаток на квалитетни стручњаци како и и недоволно заинтересираност и вклученост од истите. Бидејќи нема критичко тело, на некои тоа им одговара, го користат и на луѓето маркетиншки успешно им се сервира само „едната страна“ на сликата !