Известување

Едриличарска обука во аероклуб „Штип“

Известување за отпочнување на нови едриличарски обуки во аероклуб „Штип“ и објаснување на спецификациите околу истите.

За да започнете обука за пилот на едрилица мора да имате минимум 15 години и да сте психофизички здрав. Обуката се врши на едрилица од типот Супер Бланик Л23, двосед наменет за основна обука и тренажа на пилоти како и за обука во основни акробации со едрилица, додека во текот на напредната обука и обуката во едрење исто така се користат и високоспособните едрилици-едноседи Вук-Т и Цирус 75.

Обуката се состои од теоретска настава и практична обука.Теоретската настава во главно се состои од изучување на основните предмети кои се потребни за едриличарите и тоа: Аеродинамика; Метеорологија; Радиотелефонија; Навигација при едрење; Познавање на едрилиците и нивната градба; Техники на едрење и прелети; Познавање на падобрани и неговите својства;

Практичната обука се состои од два дела. Првиот дел е обука со инструктор која може да се изведе со старт со витло или аерозапрега. Цел на овој дел од обуката е да го оспособи кандидатот за самостојно летање, при што безбедно и совесно ќе управува со едрилицата. Првиот самостоен лет кандидатот би требало да го направи од 40-50 лет на едрилица.

Вториот дел од обуката се состои од обука во едрење и самостални летови со едрилица. Овој дел најчесто се состои од 15-20 летови кои ќе го оспособат кандидатот и ќе му помогнат да стекне услов за излегување на испит за стекнување на дозвола за пилот на едрилица. Пред првиот самостоен лет кандидатот е должен да има важечко лекарско уверение.

инфо на телефон 

070 355 996 Оливер
071 368 959 Марјан