После Сочи, банџи

Откако завршија зимските олимписки во Сочи, дестинацијата меѓу Кавкаските планини и Црното Море има намера да стане една од најсериозните локации за банџи скокови во светот со новиот, гигантски висечки мост. И одиме, четири, три, два, аедин…

Во градот домаќин на ЗОИ 2014 минатата недела беше отворен најдолгиот висечки мост за пешаци кој е со распон од 440 метри, а примарно е направен не затоа што некој ќе преминува преку него, туку затоа што нуди 207 метри слободен пад со банџи од него. 

Иако не е највисоката дестинација за банџи скокови (највисокиот скок се наоѓа во Лас Вегас кој е 45 метри повисок) AJ Hackett Sochi Skypark има намера да стане една од водечките локации за овој адреналински предизвик кој тука е збогатен со неверојатни пејсажи на Кавказот. 

Еве како на камера изгледа моментот кога после оние „четири, три, два, аедин“ човекот се губи во длабочината на тие 207 метри.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија