7 насоки за 7 дена

Дејвид Олфри и Алекс Хонолд со маратон на Ел Кап

Алекс Хонолд и Дејвид Олфри искачија седум насоки на Ел Капитен во седум последователни дена. Оваа наврска исто така успеа да постави четири брзински рекорди при овие искачувања.

 

„Идејата ја добив од Амон МекНили и Иво Нинов при еден нивен подвиг пред 7 години.” рече Олфри.

Тогаш Олфри му ја предложил идејата на Хонолд. „Не мислев дека ќе биде толку тешко, но испадна дека беше навистина јако.” изјави Хонолд. „Во основа беше нешто каде вашиот пријател смета дека тоа е или не е добра идеја, но сепак прифаќа.”

 

На 2 јуни 2014 година тие се разбудија во 4:30 и отпешачија до основата и започнаа со најтешката насока која ја качуваа таа седмица, ретко повторуваната „New Jersey Turnpike” оценета со А4. Тие обајцата претходно сакаа да започнат со „El Nino” која е „задолжително 7а А0″, вели Олфри.

По совладувањето на два „ронливи, кршливи и некако опасни цугови со тежина А4″ според зборовите на Олфри, наврската стигна на врвот по 12 часа и 24 минути.

„Испечачивме до долу, јадевме и пиевме еден тон и рано паднавме да спиеме” рече Хонолд. „Некако здодевен начин нa живот, но немавме енергија за ништо повозбудливо.”

 

За време на наредните шест дена, Олфри и Хонолд го повторија „начинот на живот” (легнување во 19:30 и станување во 4:00), и продолжуваа да качуваат по една big-wall насока на ден. Наврската во следните два дена постави брзински рекордни на „Tangerine Trip” (VI- A3+) и „Eagle’s Way” (V A3).

 

„Едно утро ги заборавивме моите патики за пристап (случајно сум го оставил во подножјето)” се сеќава Хонолд. „Целото јумарење го правев со патиките за качување, што беше за никаде, но не беше некој посебен проблем.”

Следните дни следеа други насоки на Ел Кап како „Носот” (5 часа и 16 минути), „Lurking Fear” (5 часа и 5 минути), „the Zodiac” (со слободно качена почетна варијанта за 5 часа и 5 минути), и „Triple Direct” (со рекордно време од 5 часа и 15 минути). За седумте дена обајцата поминаа вкупно поминаа 173 цуга.

Покрај еден мал пад на осигурителната гуртна (дејзи-чејн) кој му бил „доста непријатен” Хонолд вели дека играта „7 за 7″ се одвивала релативно глатко.
„Само газевме нагоре” изјави Хонолд.

„Веројатно ќе качевме и повеќе насоки ако сакавме” додава Олфри. „Не ме сфаќајте погрешно, играта која ја поставивме беше 7 насоки за 7дена.”

Запрашан за зголемување на бројката, Хонолд одговара:
„Не сум сигурен баш како. Секако дека ќе сакам да направам нешто потешко во иднина, но дефинитивно не би сакал да качам 10 насоки за 7 дена или така нешто. Тоа едноставно би било здодевно.”

 

За сега, Хонолд вели дека нема други планови.
„Беше забавно, но сега кога завршивме со Мисијата на Ел Кап повторно ќе станам спортски качувач.”

Дејвид и Алекс имаа низа брзински рекорди во долината Јосемити. Меѓу нив се брзинските рекорди во искачувањата на насоките „Excalibur”, „Lunar Eclipse”, „West Buttress”; сите на Ел Капитен.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија