Мацкало со грашок
Оди со леб, оризовки и слични додатоци за мачкање, а уште поубаво ќе оди како мезе со пијалоци при спортско финале.
- 350г грашок
- сок од 1 лимон
- рендана кора од лимон
- 1 чешне лук
- 1 рака листови од нане
- 2 лажици таан
- 4 лажици маслиново масло
- морска сол по желба
Подготовка
1. Грашокот се вари и се лади.
2. Заедно со останатите состојки се блендира додека не се добие смеса како намаз.