Ванила чиа пудинг
Полесно амин!
- 3 лажици чиа
200 мл млеко
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица мед или кесичка стевиа
1. Прва и основна лекција што треба да ја запаметите кај овој рецепт е соодносот на чиа и млеко. 1 дел чиа се меша со 4 делови течност.
2. Течноста може да биде млеко од анимално потекло или замена за млеко (оризово, бадемово, соино), а засладувачот по ваша желба и мерка.
3. Состојките се мешаат и садот се остава во фрижидер. Промешувајте барем 3 – 4 пати во текот на наредниот час за да не се формираат грутчиња. Пудингот ќе биде спремен за најмалку 4 часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ за следното утро.
Јас пудингот од чиа го подготвувам во тегличка со капак кој добро затвора од практични причини. Како прво лесно е да се измеша целата содржина, а како второ ми стои во фрижидер на дофат за брз и лесен десерт.