Петте фаци што ве прават подебели

Или петте ситуаци кога консумирате далеку повеќе калории отколку што си мислите…

Другарчињата во барот

Истражувањата покажуваат дека во друштво од ист пол се јаде 20% повеќе отколку соло. Особено ако станува збор за ипсилон полот, особено е интересно дека постои некој степен компетиција и во количината што ќе се изеде. Ако друштвото нарачува начос и пиво големи се шансите дека и вие ќе нарачате начос и пиво и ќе јадете повеќе и побрзо.

Решение: Размислете што ќе јадете и најавете го вашиот поздрав избор уште пред да се појави келнерот. Можеби ќе добиете потценувачка критика, но можеби и целата дружина ќе заврши со цезар салата.

На љубовен состанок

И тука машкиот пол има поголем проблем кога се обидува да ја истакне својата алфа компонента пред понежната половина. Се смета дека мажите најчесто ќе ја изберат поголемата порција кога се на состанок за да ја покажат својата машкост.

Решение: Постои нешто сензуално во споделувањето оброк. Сепак сте на љубовен состанок, па изберете заедно една порција и споделете. Освен тоа истражувањата покажале дека во задимена блуз атмосфера се консумираат помалку калории отколку во осветлените неонски простории на познатите франшизи.

Сами со телевизорот

Кога телевизорот би бил човечко суштество би бил главниот виновник на оваа листа. Освен што консумирате дури 71% повеќе калории пред телевизорот, настанува и корелација помеѓу храната и екранот. Па така вие всушност се тренирате секогаш кога сте пред телевизор организмот да ви бара храна.

Решение: Прво отстранете секаква дистракција кога јадете. Сконцентрирајте се на оброкот и на вкусот, а не на филмот или вестите. Освен тоа ако веќе мора нешто да јадете пред телевизорот јадете семки, процесот на лупење ќе ве успорува, а и лушпите ќе ви бидат потсетник за тоа колку сте изеле.

Прекрасната семејна атмосфера

Нема ништо лошо да се јаде домашно зготвена храна во опкружување на најмилите, но на ваквите збирки ви претстои најголема опасност од репете. Освен тоа тука се бабите и мајките кои секогаш дотураат нешто плус во чиниите.

Решение: Расчистете си сами со себе дека ќе го изедете само она што ви е во чинијата. Освен тоа далеку помалку се јаде ако садот со ручекот не е оставен на масата да ве искушува за да си доставите уште некоја лажица. Покрај тоа најдобро е да се почне со најздравата храна – салатата, бидејќи така гарантирано ќе консумирате помалку калории со главниот ручек.

На организирани настани

Јадењето здрава храна може да биде чудно во вакви кругови. Сите очекуваат да јадете пити и да пиете газирани сокови. Според истражувањата луѓето што јадат здрава храна се почесто означени како досадни, напротив оние што јадат нездрава храна, означени како забавни на ваквите настани.

Решение: Наполнете си ја чинијата со поздравите опции и оние кои вам ви се допаѓаат. Нека не ви биде гајле што другите мислат и дали се чувствуваат удобно со вашиот избор на храна. Ако сте загрижени што ќе помислат луѓето за вас, едноставно дадете комплимент за храната, сликата дека јадете само салата веднаш ќе се измени.