Искачување на Рудина и Голем Крчин, 28 Јуни и посета на пештерата Алилица во близина на Тресонче, 29 Јуни 2014

Летна тура

Без да се замараме со нарација во стилот “тргнавме од Скопје па кај Анови веќе моравме по мала нужда…”

Bе оставам само да уживате во некоја фотка од нашата тура на Голем Крчин (2,341м) и Рудина (нешто пониско) кои се издигаат на еден преубав дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

Храбрите членови на турата со спелеолошки ентузијазам ја разгледаа и пештерата Алилица до која се стигнува со саат време пробивање низ една богата букова шума на Бистра, во близина на Тресонче, а се оди по текот на Тресонечка река – која лади пиво боље од кафана… 

Времето – перфектно! Скарата – во маринада! Пивото – коска! 

Фотките се на Борче Миланоски и верувам дека ќе ве мотивираат за една тура и дружба во еден од најубавите предели на Македонија.

Членови на провод: Тихи Несторовски, Оливер Стојчевски, Борче Миланоски, Кирил Ончевски, Душко Костадинов, Ристо Јордановски. 

Автор

Risto Jordanovski

Скопје

Македонија