Oфф-роуд до Средно Водно

Алтернативна патека до Средно Водно

Веќе година дена наназад на Водно е во изградба нов пат кој води кон Сончев град и населените места позади Водно преку месноста Марково Крувче.

За сите оние “маунт бајкери” кои сакаат добро да се испотат на точак, а не го пробале како опција, добра варијанта во правец накај Средно Водно е патот во изградба кој поврзан преку трим патеката од Марково Крувче до Средно Водно нуди скоро 4км офф-роуд патека со средна и лесна тежина која солидно го загрева и троши телото заради променливоста на нагибот на теренот.

Патеката нуди интересни пејсажи на Скопје, Солунска Глава неповрзани со сообраќајниот метеж кој го има по асфалтниот пат барем до Средно Водно.

Дополнителен момент, патот е на располагање веднаш штом престанат со работа машините, секое попладне.

Искористете нагоре или надоле додека може и внимавајте сепак е офф-роуд, пат во изградба!!!

Автор

Ski Macedonia

Скопје

Македонија